Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВо Штип повторно демолирано здружението на текстилни и на кожарски работници „Гласно“

Во Штип повторно демолирано здружението на текстилни и на кожарски работници „Гласно“

Вторпат во период од половина година, оштетени се просториите на здружението на текстилни и на кожарски работници „Гласно“ од Штип. Камења биле фрлани по прозорците и по таблите на покривот на бараката каде работи здружението, кое се прокламира како заштитник на работничките права.

Пред само една недела, на прес-конференција, членовите на здружението објавија за случаи на кршење на законот со исплата на плата на рака на работниците во една штипска конфекција.

Горан Трајков од „Гласно“ вели дека засега напознати лица вандализмот го сториле изминатата ноќ. Случајот ќе биде пријавен во полиција, која иако имаше месеци на располагање, сè уште го нема расветлено претходниот случај на вандализам.

– Ова веќе преминува во континуирано насилство. Сепак, нема да има влијание врз нашата работа и сакам да им порачам дека „Гласно“ не е просторот по кој удираат, „Гласно“ е идеја, „Гласно“ се сите работници – изјави Трајков.

Инаку, тој денеска е во Крива Паланка за да им даде помош на работници во штрајк од фабрика за чевли, која е странска инвестиција.