HomeДЕНЕШНАПолитикаВо Шутка ќе се гради отворениот базен, за жителите најмал приоритет

Во Шутка ќе се гради отворениот базен, за жителите најмал приоритет

voen-bazen

Агенцијата за млади и спорт вчера распиша тендер за избор на изведувач на градежните работи за отворениот пливачки базен што ќе се гради во скопската општина Шуто Оризари. Станува збор за објект со планирана површина од 4.076 метри квадратни. Проценетата вредност на проектот изнесува околу 730.000 илјади евра, додека рокот за реализација е шест месеци од изборот на изведувач. Агенцијата за млади и спорт веќе го изготви идејното решение, а проектот ќе се реализира по добивање на соодветната градежно-техничка документација.

Објектот ќе содржи комбиниран пливачки, ватерполо базен и базен за скокови во вода. Големиот базен со правоаголна форма ќе биде со олимписки димензии 50х20 метри, со максимална длабочина до 3,5 метри. Малото базенско корито ќе има димензии од 25х10 метри и длабочина до 1,2 метри. Ќе биде изградена скокалница за синхрони скокови и ќе биде поставен семафор со тајмер за следење на натпреварите. Тендерската постапка е отворена за сите компании од градежниот сектор до 23 декември, за кога е закажано и јавното отворање на понудите.

Сепак, уште од самата најава на проектот жители на Шуто Оризари се жалат дека ова не е приоритет за нивната општина, туку им треба подобра здравствена заштита, подобра водоводна мрежа и инфраструктура, како и можност за вработувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com