HomeДЕНЕШНАЕкономијаВо Штип најмногу слободни места по Скопје, но 5 пати повеќе бараат работа

Во Штип најмногу слободни места по Скопје, но 5 пати повеќе бараат работа

Агенцијата за вработување потврди дека Штип е втор град во Македонија со најмногу 420 слободни места по Скопје со тоа што активни баратели има 5 пати повеќе односно 2100. Директорот Поповски го презентираше и он-лајн системот на услуги за невработените лица кои бараат работа. Системот овозможува следење на слободните работни места, односно побарувачката за одредени кадри, а доколку креираат свој сопствен профил овие информации ќе ги добиваат континуирано и ќе знаат каде да ќе можат да аплицираат со цел да се сретнат понудата и побарувачката на работна сила.

agencija-za-vrabotuvanje-stip

„Граѓаните на Штип и околината на Штип ќе можат да ги погледнат овие работни места на нашиот веб-портал и огласите да ги побараат и да го добијат на сопствениот профил без да бараат каде ќе можат да аплицираат. Инаку работните места кои се објавуваат се од продавачи, келнери, шивачи од инжиењери, од истражувачи, буквално сето она што во Република Македонија има потреба и самите плати се движат од минималната плата па до плати кои изнесуваат до 170.000 или 180.000 денари, во зависност од каков тип на работник се бара“- рече Поповски.

– Во иднина ќе гледаме да обезбедиме од соседните општини, пред се од Свети Николе, Радовиш и Пробиштип, а и го правиме тоа веќе подолг временски период, а компаниите организираат сопствен превоз да ги донесат работниците во Штип, изјави Лазе Димчов, раководител на Центарот за вработување-Штип

Во последните 10 години бројката на вработени во Штип е зголемена за 7. 500 нови работни места или за над 30 %.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com