Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо САД уапсен првиот полицаец поради соработка со ИД

Во САД уапсен првиот полицаец поради соработка со ИД

Полицаец од Вашингтон е уапсен поради обвинение дека обезбедува материјална поддршка за групацијата Исламска држава. Полицаецот, чија должност е обезбедување на транзитна безбедност – контрола на патниците и возилата во вашингтонското метро, 36-годишниот Николас Јанг е уапсен денеска во полициска станица.

Во обвинението се наведува дека Јанг на припадниците на ИД им купил СИМ картички за мобилни, со цел да им ја олесни комуникацијата. Тој е откриен, откако картичка му подарил и на агент на ФБИ, кој бил на тајна задача.

Јанг е ставен под набљудување на ФБИ од 2010 година. Една година подоцна два пати патувал во Либија, каде според тврдењата, им се придружил на бунтовниците, кои се обидувале да го соборат од власт Моамер Гадафи. Приведувањето и обвинението против Јанг е прв случај во кој американски полицаец е обвинет за соработка со ИД.