Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВо сабота завршува оперската сезона во МОБ

Во сабота завршува оперската сезона во МОБ

Со бесплатна изведба на операта ,,Травијата” во сабота во 20 часот Македонската опера и балет свечено ќе ја затвори овогодинешната оперска сезона. Насловната улога ја носи сопран Благица Поп Томова. Ликот на Алфред Жермон ќе го толкува Зоран Сотиров (тенор). Диригентската палка му припаѓа на Дејан Савиќ, додека пак ликот на Жорж Жермон ќе го одигра Франческо Бајоки, гостин од Италија.