Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо сабота национална акција за чистење на нелегален отпад

Во сабота национална акција за чистење на нелегален отпад

Во сабота на 3-ти октомври, асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, покренува национална иницијатива за чистење на нелегалниот отпад низ земјава. Под мотото „Бунт против отпадот“ и „Од нас зависи“ повикуваат на масовно учество и што поголемо мобилизирање на граѓаните во оваа акција.

Инаку, во акцијата на „Ајде Македонија“ може да се вклучат сите заинтересирани граѓани и засегнати страни низ земјата. Централниот настан во Скопје ќе се одржи кај Европската очна болница во општина Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри. Настанот ќе започне во 11 часот. Проектот е поддржан и од Министерството за животна средина и просторно планирање, локалната самоуправа, јавните и комунални претпријатија, повеќе невладини организации, здруженија на граѓани…

Повеќе информации за акцијата може да се најдат на веб-страницата www.ajdemacedonia.mk.