Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостВо сабота ќе биде отворен добротворен базар во ГТЦ

Во сабота ќе биде отворен добротворен базар во ГТЦ

Организацијата „Добредојде Macedonia Welcome Center“ – DMWC оваа сабота во 11 часот ќе го отвори шестиот добротворен базар за одбележување 1 јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.

Базарот ќе биде отворен со обраќање на Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на ДМВЦ, Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје и обраќање на Чарлс Гарет амбасадор на Велика Британија во Македонија и почесен претседател на Базарот за 2016 година.

На базарот амбасадите на Албанија, Бугарија, Велика Британија,Италија, Иран, Катар,Кина, САД, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Франција, Црна Гора, Шпанија и Холандија ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји, а собраните средства ќе се донираат во хумани цели.