HomeГИГА БАЈТСмартфонВо Русија се продава телефон отпорен на експлозии

Во Русија се продава телефон отпорен на експлозии

Руската компанија Zavod Goreltex која креира материјали отпорни на експлозии го направи првиот телефон кој е доволно издржлив за да не претрпи никакви оштетувања од експлозија на бомба.

CTG-ST доаѓа во вистинско време кога актуелен е скандалот со експлозивните батерии на Galaxy Note 7, па корисниците ќе бидат сосема сигурни во неговата безбедност со бројни заштитни мерки и компоненти кои придодаваат на неговата издржливост.

CTG-ST на Zavod Goreltex е телефон со 2.2 инчен екран со резолуција од 240 x 320 и го содржи MediaTek MT6260A чипот. Има меморија од 1 MB заедно со MicroSD слот за дополнителна мемориска картичка. Камерата е на задната страна со 3 мегапиксели, а батеријата има капацитет од 2500 mAh. Изработен е од гума и може да издржи пад од 1.6 метри.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com