Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВо Пула почна да се продава сладолед од канабис

Во Пула почна да се продава сладолед од канабис

Нов летен специјалитет – сладолед од марихуана. Една слаткарница во Пула како специјалитет за оваа летна сезона претстави сладолед со вкус на канабис. Оние кои што го пробале – се одлично расположени (но не и поради она на кое што првично и веројатно помисливте).

– После сладоледот од канабис, постојано се смеам. Навистина е добар. Вкусот е необичен, се чувствуваат дури и некои јаткасти плодови, но тоа годи. Со сигурност ќе дојдам за да уживам во неговиот вкус повторно, под услов тоа да го поправи и моето расположение. На туристите секогаш им е потребно нешто поинакво, ново и добро, изјавила Ингрид Фацкович (42), Русинка која што се одмора во Пула.
sladoledОвој необичен сладолед се продава заедно со уште 20-тина различни видови, но туристите сепак најпрво се одлучуваат за неговиот вкус.

– Најпрво им е необично кога ќе го прочитаат натписот од што е сладоледот, и кога ќе го видат знакот, но откако ќе им објаснам дека во него нема THC, и дека е изработен од 70 отсто брашно од канабис, веднаш се согласуваат да го пробаат. Набрзо се враќаат и по нова доза. Ништо невообичаено не гледам во тоа, единствено што забележувам е дека гостите се малку повеќе насмеани после конзумацијата на сладоледот, изјавила сопственичката на слаткарницата, каде овој вкус се прави еднаш дневно, а како што велат тие, се продава “како луд”. Па, ако веќе имате можност да се најдете во тие краишта – зошто да не го пробате?