Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузеј,,Во прво лице"-изложба во Битола

,,Во прво лице"-изложба во Битола

,,Во прво лице” е насловот на изложбата која вечерва ќе биде отворена во Битолската Магаза при Завод и Музеј Битола.

„Во прво лице“ претставува избор на дела од истоимената изложба одржана во периодот април-мај годинава во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, и на истражувачкиот проект „Автопортретот во современата македонска уметност од 1990 година до денес“.

Изложба се реализира во рамките на проектот „Кич, да ?! / Сте или не? 2015 организиран од Дирекцијата култура и уметност – Скопје, Национална галерија на Македонија и НУ Завод и музеј Битола.