HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВо пресрет на англиското дерби: Како Ремзи го одбра Арсенал пред Јунајтед!

Во пресрет на англиското дерби: Како Ремзи го одбра Арсенал пред Јунајтед!

115415_640

Велшкиот фудбалер Арон Ремзи изјави денес дека одлучноста на Арсен Венгер да го ангажира била најголема причина за неговата одлука да го избере Арсенал наместо Манчестер Јунајтед. Ремзи во 2008 година, беше предмет на борба меѓу тренерите на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Арсен Венгер и Сер Алекс Фергусон и се сметаше дека е многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“. Некогашниот фудбалер на Кардиф откри дека одлуката ја донел откако почувствувал дека Арсенал го посакува повеќе.

„Венгер направи многу за да ме доведе. Како 17-годишно момче летав со приватен авион што беше нереално за мене.. Сметам дека ја донев вистинската одлука. Почувствував дека Арсенал и Венгер ме посакуваат повеќе“, изјави Арон Ремзи. Арсенал и Јунајтед утре со почеток од 13:30 часот ќе се сретнат во големото англиско дерби во рамките на Премиер лигата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com