HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо пожар во хиподром животот го загуби едно лице

Во пожар во хиподром животот го загуби едно лице

bomberos

70 годишен човек загина во пожар што избил вечерва околу 18 часот во стамбена зграда во Хиподром – потврдуваат од МВР за позитив.мк. Лицето се обидело само да го изгасне пожарот, а причината за смртта, најверојатно е задушување.

Тој се обидел да избега, меѓутоа не успеал да ја отвори вратата на време, по што најверојатно починал од задушување. Веднаш по избувнувањето на пожарот дошло и до експлозија на плинската боца којашто се наоѓала во станот.

Станот е на четврти кат, а во гаснењето на пожарот уечствувале 17 пожарникари, и 7 против пожарни возила. Целата зграда била евакуирана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com