Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо поплавите во северен Пакистан загинаа 43 лица

Во поплавите во северен Пакистан загинаа 43 лица

Во поплавите предизвикани од монсунските дождови во Пакистан загинаа 43 лица, соопштија локалните власти. Поголемиот дел од жртвите се од село на границата со Авганистан. Дождовите, кои започна вчера, најмногу ја погодија Северната гранична провинција, како што се случи и минатата година. Научниците ги припишуваат поплавите на климатските промени.

Во селото Урсун, во областа Шитрал, од стихијата беа уништени една џамија и десетици куќи, како и армиска касарна. Вкупно 41 лице ги загубија животите, од кои осумина војници. Шест од жртвите биле однесени од надојдените води, додека се молеле во џамијата. Спасувачките операции се уште се во тек.