Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо понеделник почнува судењето за грабежот во НЛБ

Во понеделник почнува судењето за грабежот во НЛБ

Судскиот процес за најголемиот грабеж на пари од сефот на банката НЛБ , е закажан за в понеделник 2 октомври, откако претходно по барање на одбраната беше одложено. Осумтемина обвинети се осомничени за кражба на 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од сефот на банка. Минатото одложување беше второ по ред, откако првото закажано рочиште кое требаше да се одржи на 31-ви август, беше одложено поради тоа што истражниот затвор во Шутка немаше услови да спроведе тројца од обвинетите. Основното јавно обвинителство по спроведување на истрага во јуни поднесе обвиненија против 8 лица.

Според обвинението од 31 март до 8 април годинава првите четворица обвинети, со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија искористувајќи ја својата работна позиција, украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10 април се украдени два милиона швајцарски франци и 270.000 евра, за што беше уапсен првообвинетиот, вработен во трезорот, Бобан Смилевски.