Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаВо поход кон подобри резултати – кошаркарските борци започнаа со подготовките за ЕП

Во поход кон подобри резултати – кошаркарските борци започнаа со подготовките за ЕП

По турбулентната сага со отстранувањето на Александар Џикиќ од тренерската позиција и доверувањето на истата на Марјан Србиноски, македонската кошаркарска репрезентациј конечно го одработија својот прв тренинг во Спортскиот центар „Јане Сандански“, со што и официјално се започнати подготовките за претстојното Европско првенство.

Во Скопје ќе се одвиваат тренинзи два пати дневно и тоа ќе трае сѐ до 6-ти август кога репрезентативците ќе заминат во Охрид на два контролни натпревари со Израел и Украина.

На подготовките сѐ уште се нема приклучено Ричард Хендрикс, се очекува да пристигне некаде на 30. јули.