HomeГИГА БАЈТСмартфонВо подготовка мини верзијата на Sony Xperia Z4

Во подготовка мини верзијата на Sony Xperia Z4

Sony Mobile започнал со изработка на нов 4.6 инчен смартфон во премиум класата за кој се претпоставува дека ќе биде „мини“ верзијата на Xperia Z4 со помали димензии, но со подеднакво моќни компоненти.

Sony-Xperia-Z3-Compact-c

Доколку навистина станува збор за очекуваниот Xperia Z4 Compact тогаш фановите може наскоро да го добијат во понудата со цена до 500 евра. Xperia Z4 Compact ќе има 4.6 инчен Full HD дисплеј (прв од ваков вид), ќе работи на осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 810 процесор со 3 GB RAM, 20.7 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 2800 mAh што ќе го направи најмоќниот „мини“ телефон.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com