HomeДЕНЕШНАРегионВо Подгорица уапсени 15 лица кои планирале терористички напади

Во Подгорица уапсени 15 лица кои планирале терористички напади

Црногорската полиција во текот на ноќта уапсила 15 лица за кои постои сомнение дека припаѓаат на паравоена криминална група која во Црна Гора влегла со намера за време на изборниот ден да изведе терористички акции, пренесуваат црногорските медиуми.

Уапсените планирале ширум Црна Гора да изведат терористички акции односно да предизвикаат вооружани судири, па дури и ликвидации, пренесува Антена М. Според неофицијалните информации, на чело на групата бил поранешниот шеф на српската жандармерија, Братислав Дикиќ, кој е исто така уапсен во акцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com