Monday, Jun 26, 2017
HomeДЕНЕШНАСветВо Памплона се протестира против трката со бикови

Во Памплона се протестира против трката со бикови

Славната традиционална трка со бикови во Памплона годинава крена многу прашина и наиде на жесток отпор од страна на организациите за заштита на животните. Околу 100 претставници на организациите протестирале вчера во шпанскиот град Памплона против одржувањето на летниот фестивал Сан Фермин за време на кој се пуштаат бикови пред кои трчаат луѓе.
pamplona1
Повеќето демонстранти биле без облека премачкани со лажна крв по телото, додека другите носеле лажни рогови со натпис „Улиците на Памплона се полни со крв на бикови“. Фестивалот, кој секоја година се одржува во јули, потекнува од 16 век, а се слави светецот и заштитник на Памплона, Сан Фермин. Секоја година се повредуваат десетици луѓе, а последното загинување се случи во 2009.
pamplona3