Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВо овој европски град граѓаните ќе добиваат безусловен приход

Во овој европски град граѓаните ќе добиваат безусловен приход

Во Холандскиот град Утрехт ќе се спроведе експеримент кој би требало да одреди дали може компанијата да биде ефикасна со универзален и безусловен приход. Градската управа во соработка со локалниот Универзитет ќе се обиде да одреди дали функционира концептот на „основен приход“ и во вистинскиот живот, а експериментот би требало да започне после летните празници.
utreht1
Основниот приход е универзален, безусловен облик на плаќање на луѓето, кој би покривал животни трошоци. Целта е да им се овозможи на луѓето да изберат флексибилна работна дневница во помалку строга одредена компанија, што би им оставило повеќе време за учење, волонтирање и грижа за себе и за другите. Холандија е земја во која нетрадиционалните работни услови не се ништо необично. На пример, има највисок степен на привремено вработени во цела ЕУ-дури 46,1%.

Градскиот советник задолжен за работа и приходи Виктор Еверхардт изјавил за „DeStad Utrecht“: „Една група ќе добие компензација и некој вид на џепарац, а другата ќе прима основен приход без никакви правила. Јасно ќе постои и контролна група која ќе се придржува на досегашните правила.

Нашите податоци покажуваат дека има помалку од 1.5% злоупотреба на социјалната помош, но пред што и воопшто влеземе во разно-разни расправи за тоа дали треба да воведеме основен приход или не, прво треба да провериме дали тој вооопшто влијае.“ Целта е да се открие што ќе се случи ако некој добие одредена сума паи месечно без никакви правила и контрола. Дали ќе остане да седи паисвно дома или ќе се развива и корисно ќе и допринесе на компанијата?
Утрехт планира да говори и со други градови за поставување на слични експерименти, откако добие дозвола од Ден Хаг.