Saturday, Aug 19, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионВо оваа балканска земја секој трет ден се случува самоубиство

Во оваа балканска земја секој трет ден се случува самоубиство

podgorica

Според податоците на СЗО, секој трет ден во Црна Гора се случува едно самоубиство. Со 17 смртни случаи на 100 000 жители, Црна Гора се наоѓа во горната половина на европската ранг – листа на земји според вредноста на општата стапка на суицид.

Во последните пет години, од 2011 до 2015, самоубиство извршиле дури 743 лица. Од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи е соопштено дека лани животот си го одземале 140 граѓани, додека во 2014 година се регистрирани 164 самоубиства. За време на 2013 година самоубиство извршиле 128 граѓани, 2012 – 148, а во 2011 – 163.

Бесење и употреба на огнено оружје се начините на кои најчесто се извршени самоубиствата во наведените две години. Според статистиката најмногу лица си го одземат животот во старосна доба преку 60 години. Во 2013 година 18,7 отсто лица кои си го одземале животот биле стари помеѓу 20 и 40 години, 35 отсто помеѓу 40 и 60 години, а 45 отсто биле лица преку 60 години.