HomeДЕНЕШНАПолитикаВо операцијата “Таргет“ осомничени 10 лица од УБК

Во операцијата “Таргет“ осомничени 10 лица од УБК

mkd-293802

Специјалното јавно обвинителство објави дека незаконското прислушување се спроведувало преку три различни системи. Со операцијата “Таргет“ се осомничени десет лица, поранешни но и актуелни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

“Прво осомничениот кој бил на раководна позиција во Управата за безбедност и контраразунавање давал наредби за следење на политичката, бизнис и новинарската фела во Македонија. Второосомничениот, во координација со првоосомничениот, но и самостојно го организирал процесот на прислушување.

Тој бил запознаен со сите имиња и лозинки за следење и освен што давал наредби и самиот внесувал телефонски броеви за кои немало судски наредби.

Постои основано сомнение дека третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, постапувајќи спротивно на законите и без судски наредби за одредени телефонски броеви, проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени“ – изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com