Sunday, Apr 30, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионВо очите на Европа извршен е геноцид во Сребреница

Во очите на Европа извршен е геноцид во Сребреница

И покрај големите напори на Србија да ја избрише квалификацијата геноцид, Европскиот парламент сепак ја усвои резолуцијата за Сребреница. Резолуцијата на ЕП остро се осудува геноцидот во Сребреница, кој е така означен согласност со пресудите на Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд за правда.

Во резолуцијата на ЕП се наведува и дека одговорни за масовната егзекуција на над осум илјади муслимански мажи и момчиња од Сребреница се силите на босанските Срби под команда на Ратко Младиќ со учество и на паравоени и нерегуларни единици. Тоа е најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна.

Синоќа Советот за безбедност на ОН не усвои резолуција за Сребреница, по руското вето. Денеска европратениците во парламентарна дебата го осудија неусвојувањето на резолуцијата од страна на Советот за безбедност.