Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо недела не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Во недела не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Во недела, на 25 октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад со што и официјално почнува зимското мерење на времето.

За спанковците тоа е добра вест бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење. За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30.