Sunday, Jun 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеВо мобилна акција со подршка од Град Скопје

Во мобилна акција со подршка од Град Скопје

Град Скопје го објави јавниот повик за финансирање на здруженија на граѓани и фондации кои ќе организираат настани и активности за вклучување во Европската недела на мобилност, а притоа да ги промовираат алтернативните начини на превоз со едукација на овогодинешната тема Избери, промени, комбинирај (Choose. Change. Combine.)

Од Град Скопје ги наведоа и конкретните услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните апликанти, а здруженијата треба целосно да го осмислат проектот и да предвидат како ќе се реализира. Целосната листа на критериуми за учество во неделата на мобилност може да ја погледнете од веб сајтот на Град Скопје.