Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо Македонија ќе се легализира канабисот за медицински цели

Во Македонија ќе се легализира канабисот за медицински цели

Конечно канабисот ќе влезе во здравствениот систем. По предлогот на младината на Либералната партија и по одржаните јавни дебати, сега и Министерството за здравство изготви предлог закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во насока на легална и контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во Македонија.

Предлог законот предвидува канабисот да се произведува и користи само во Македонија, а ќе може да го произведуваат само правни лица. Препаратите ќе се користат за онколошки заволувања, ХИВ/­СИДА, невролошки … но само со медицинска препорака, под медицински надзор, не и за самолекување.

Македонија до февруари 2016 година ќе го легализира канабисот за медицински цели. Со тоа Македонија ќе стане 14-­та држава во Европа која го легализираше канабисот, следејќи ги Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска.

Постапката за примена на идискиот коноп во медицински цели и предлог законот ќе се достави во Владина процедура, откако во недела, 20 декември ќе се одржи уште една јавна дебата на оваа тема.