Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураВо лулињата за тутун на Шекспир откриен канабис

Во лулињата за тутун на Шекспир откриен канабис

Авторот на омилениот роман на сите времиња, Ромео и Јулија, можно е да пушел повеќе од тутун. Научниците од Јужна Африка направиле форензичните тестирања на лулињата за тутун постари од 400 години кои биле ископани од градината на Вилијам Шекспир.

Тие откриле дека лулињата содржат канабис, што ја зголемува веројатноста култниот драмски писател да има напишано некои од неговите најголеми дела “надуван”.
Shakespeares-first-folioОстатоци од почетокот на 17-от век во глинени цевки пронајдени во градината на драматургот и на други места во Stratford-Upon-Avon, беа анализирани во Преторија со користење на софистицирана техника наречена масена спектрометрија со гасна хроматографија.

Резултатите на нивната студија, објавени во списанието „South Africain Journal of Science”, укажуваат на присуство на канабис во осум лулиња, додека во две други, пронајдени во дворот на соседите на Шекспир, се идентификувани траги од кокаин.

Френсис Такери, еден од истражувачите, наведува дека Шекспир веројатно бил запознаен со негативните ефекти на кокаинот, кој наводно во Англија го донел славниот морепловец и гусар Френсис Дрејк и повеќе го сакал канабисот, чие консумирање, поради стимулативните својства, во тој период било многу раширено.

Сонетите на Шекспир посочуваат дека тој бил запознаен со ефекти на психотични супстанци.Во Сонет 76 тој пишува за ( “invention in a noted weed”) ‘пронајдок во истакнат плевел’ што укажува на можноста тој да ја користел оваа билка додека пишувал.