Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВо Лондон изложба за групата „Pink Floyd“

Во Лондон изложба за групата „Pink Floyd“

После големиот успех од изложбата за легендарниот покоен уметник Дејвид Боуви, лондонскиот музеј „Викторија Алберт“ во 2017 година ќе направи и изложба за култната англиска група „Pink Floyd“. Маскота на изложбата, која ќе биде отворена од 13 мај до 1 октомври 2017 година, ќе биде балон во облик на лиљаково прасе, слично како фотографијата на албумот „Animals“ од 1977 година.

Изложбата ќе го добие името: „Pink Floyd: Their Mortals Remains“. „Pink Floyd“ во 2014 година го издаде својот последен албум со кој се збогуваше од фановите „The Endless River“, прв студиски албум после 20 години. Овој бенд е еден од најсупешните во историјата на рокенрол музиката.

pink floyd 2

Нивниот албум „Dark Side of the Moon“ од 1973 година продаден е во повеќе од 45 милиони примероци. Бендот, основан во далечната 1964 година, се наоѓа на самиот врв на светската музика благодарение на својот иновативен стил, психоделичните звуци, филозофоските теми и секако визуелните перформанси на концертите.