Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВо кои земји во светот е најдобро да се живее и зошто?

Во кои земји во светот е најдобро да се живее и зошто?

Организацијата Social Progress Imperative ја објави својата годишна листа за држави каде има највисок квалитет на живот. На врвот се многу држави од Скандинавија, а ова е листата на најразвиените земји во светот според нивниот животен стандард (здравство, хигиена, едукација, квалитетна исхрана…)

1. Финска: Нејзиниот висок рејтинг се мери според критериуми кои ги задоволуваат основните човекови потреби (здравство, хигиенски услови, домување), основи на благосостојбата (едукација, пристап до технологија), по времетраење на живот и човечки слободи. Ако тргнете за таму сепак, облечете се добро – температурата паѓа до минус 50 степени Целзиусови степени.

2. Канада: 35-милионското население на оваа огромна земја е едно од најзгрижените во светот. Здравството е најсилната нејзина страна. Образованието и можностите за реализација се исто така импресивно добри.

3. Данска: Социјалната мобилност и еднаквост во приходите се меѓу најдобрите во светот. Основните човекови потреби се задоволени, но не на врвно ниво. Од здравството и времетраењето на живот може да се сака уште.

4. Австралија: Одличен едукативен систем, можности за работа и голема лична слобода – не случајно толку многу луѓе сакаат да се преселат таму. Заостанува сепак по толеранција и интеграција на дојденците.

5. Швајцарија: Таму се едни од најскапите градови во светот, но цената се исплаќа – земјата блеска во здравството, квалитетната исхрана и пристапот до образование.

cirih-svajcarija-600x300

6. Шведска: Вода во изобилство, високо ниво на здравствена заштита и хигиенски услови. Одлично место е и по квалитет на исхрана и човекови права.

7. Норвешка: првенецот по квалитет на исхрана, основна медицинска нега и образование. Пример за имитација на земји надвор од ЕУ.

8. Холандија: Една од најтолерантните земји со најголеми лични слободи и права на избор – ова се нејзините главни карактеристики.

9. Британија: се наоѓа во првата десетка поради добрата медицинска нега, квалитетното образование и елитните училишта.

10. Исланд: задоволува со одлични основните човекови потреби, има и висок бруто домашен производ по глава на жител.

10. Нов Зеланд: Со истиот индекс како Исланд, оваа „најмлада држава во светот“, како што се рекламира сама, е и една од најубавите. Таа е меѓу малкуте останати вилаети „на големите можности“ – работните места таму се во изобилство, бидејќи жителите се малку.

New_Zealand_20131010102059

12. Ирска: Британците кои не го поддржаа „Брегзит“, ќе откријат таму одлични основни човечки потреби и плодна почва за добри потенцијални инвестиции.

13. Австрија: Виена е културна престолнина на Европа, а австриските патеки привлекуваат скијачи од целиот свет. Не заостанува и животниот стандард – земјата е 14-та економија во светот според ММФ.

14. Јапонија: Во последнава деценија земјата направи неверојатен општествен напредок, особено во работните права на жените. Но таму се уште има многу малку мигранти и висок процент на самоубиства на луѓе под 30 години

15. Германија: Изненадувачки назад на листата, но висок рејтинг во згрижувањето на странци. Во последниве години таа прифати над милион бегалци, но прашањето е дали инфраструктурата нејзина може да го поднесе тоа.

16. Белгија: Како земја домаќин на управата на ЕУ, постигна извонреден социјален напредок. Таа покажа дека понекогаш, ако си помала држава, полесно е да се грижиш за своите жители.

17. Шпанија: Една од најпознатите туристички зони во Европа. Има силен социјален систем и добар баланс работа-личен живот. Високата невработеност кај младите сепак го притиска животниот стандард.

18. Франција: За многумина таа е бастион на слободата, но не се рангира добро по критериумите „толеранција и интеграција“. Уште полошо е во областа на можностите за реализација.

Francija

19. САД: Презентацијата на оваа суперсила е разочарувачка – последна е на листата, коментираат од Social Progress Imperative. Моќната економија на државата не се трансформира во социјален напредок за многу од нејзините граѓани.