Friday, Jun 23, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеВо Кисела Вода собрани над 4.2 тони електронски отпад!

Во Кисела Вода собрани над 4.2 тони електронски отпад!

Жителите од скопска Кисела Вода собраа точно 4.240 килограми електронски и електричен отпад.
Изминатите 30 дена граѓаните од сите урбани заедници од домовите ги изнесоа старите и неупотребливи електрични апарати, компјутери и компјутерска опрема, телевизори, видеорекордери, музички системи. Организатори на акцијата за собирање електронски и електричен отпад се Општина Кисела Вода и друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.

„Урбаната заедница Кисела Вода собра најголемо количество е-отпад, дури 780 килограми, па според тоа таа е најуспешна во акцијата. Жителите како награда добија вредносни ваучери од ’Техномаркет‘, а отпадот беше преземен, селектиран и на крај рециклиран од ’Нула отпад‘. Оваа еколошката акција во Скопје што почна од нашата општина се реализираше преку Секторот за локален економски развој во согласност со потпишаниот Договор за соработка со компанијата ’Нула отпад‘, која ги поседува законските лиценци за управување со електронскиот и електричен отпад“, соопштуваат од Кисела Вода.

Надлежните им објаснуваат на жителите дека акцијата продолжува и доколку се` уште поседуваат електронски или електричен отпад, можат да се јават во Општина Кисела Вода или директно до „Нула отпад“ за да се информираат каде да го однесат.