Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо Кичевско откриени големи насади со канабис

Во Кичевско откриени големи насади со канабис

Од страна на полициски службеници од ПС Кичево, на 17.09.2015 година, извршен е увид на различни локации кај местата „Башоски нивје“ и „Таироски нивје“ во атарот на кичевското село Туин, при што се пронајдени и подигнати 160 стебла од растението „канабис сатива“. Насадите, по преходна консултација со јавен обвинител се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Полициската станица од Кичево презема понатамошни мерки за утврдување на идентитетот на лица кои нелегално ги засадиле и одгледувале насадите.