Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо Кичево расчистени улиците по синоќешното невреме

Во Кичево расчистени улиците по синоќешното невреме

Во Кичево по невремето што синоќа го зафати овој регион, се расчистени сите пратни правци.

Во невремето што го зафати Кичевско синоќа според првичните проценки предизвика оштетување на неколку куќи, на кои, според информацијата од Општината денеска ќе се утврдува колкава е штетата.

Комуналното претпријатие, како што соопштуваат од Општината, интервенираше на улиците кои беа полни со вода и денеска сите патни правци се проодни.