Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВо Јапонија не прашувајте за име на улица – нема

Во Јапонија не прашувајте за име на улица – нема

Jaпонците користат различен адресарски сисстем од оној кој се применува во западните земји. Наместо на улиците да им дадат име, Јапонците блоковите ги обележуваат со броеви, а просторите помеѓу блоковите ги остааваат празни, без име.

Градот е поделен на болови и секој од нив е одбележан со еден број. Доколку барате некој објект само треба да прашате во кој блок се наоѓа. Но, ако се наоѓате на некоја улица, или треба да добро да го познавате градот или како турист   да користите навигација.

Овој систем е специфичен и по тоаш што секоја куќа или зграда има свои броеви кои немаат логичен распоред. Така, куќа под реден број 14 може да се наоѓа до куќата број 3. Објектите бројот го добиваат по тоа кога се изградени во тој блок.

Олеснителна околност е тоа што блоковите се мали, па објектот може да го најдете брзо и лесно. Овој систем многу лесно и брзо се чита на карти, така што ако сте турист во Јапонија, брзо ќе се навикнете на овој бројчан систем на адресирање