Saturday, May 27, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВо изминатите 365 дена вкупно 100 новинари биле убиени!

Во изминатите 365 дена вкупно 100 новинари биле убиени!

mediumi mikrofoni novinari

„Репортери без граници“ соопштуваат дека во текот на 2015 ширум светот биле убиени 110 новинари. 67 од нив биле убиени додека известувале.

Во 2014 две третини од новинарите биле убиени во воените зони. Но, во 2015 =, се случило спротивното – двте третини од новинарите се убиени во земји во кои нема воени дејства – стои во извештајот на „Репортери без граници“.

Според овој извештај, 67 новинари загинале додека известувале, а најопасни места за новинарството во 2015 биле Ирак – каде загинале 11 и Сирија каде загинале 10 новинари.

Во Франција во нападот на џихадистите на „Шарли Ебдо“ загинаа 8 новинари. Уште 43 новинари во светот се убиени во нејасни околности, како и 27 граѓани – репортери и седум медиумски работници – пренесе Франс прес..

„ Бројката од 110 убиени новинари оваа година бара итен одговор“ – изјави генералниот секретар на Репортери без граници Кристоф Делор. Тој побара итно именување на специјален претставник на генералниот секретар на ОН за безбедност на новинарите.

За нападот на Шарли Ебдо во кој загинаа 12 лица од кои 8 новинари,  во извештајот пишува:

– Беше тоа напад без преседан. Никогаш ни една западна земја не доживеала масакр од тој вид!

Во 2015 година биле киднапирани 54 новинари, од кои 26 во Сирија. Уапсени биле 153 новинари од кои 23 во Кина и 22 во Египет.

Во последните 10 години вкупно се убиени 787 новинари – потсетуваат „Репортери без граници“.