HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВо Италија за прв пат „позелене“ фудбалер за фер-плеј

Во Италија за прв пат „позелене“ фудбалер за фер-плеј

Кристијан Галано од Виченца е првиот фидбалер кој на официјален натпревар на италијанското првенство заработи зелен картон, новитет кој неодамна го воведе ФИФА. Станува збор за натпревар од Серија Б лигата.

– Зелениот картон засега го даваме само во втората лига, a наша цел е да ја подигнеме спортската култура, ферплејот и да ја подобриме атмосферата на теренот – изјави Марсело Ники, прв човек на Италијанската Судиска Асоцијација.

Галано на натпреварот против Ентела призна дека немало корнер за неговиот тим, сугерирајќи му на судијата да ја смени својата одлука, за што сосема заслужено доби зелен картон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com