Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо Истанбул е спречен масакр – џихадисти со план да го повторат Париз

Во Истанбул е спречен масакр – џихадисти со план да го повторат Париз

Турската полиција уапси повеќе члена група на џихадисти предводена од британецот Ејн Лесли Дејвис кои се сомничат дека подготвувале уште еден масакр во Истанбул сличен како нападите во Париз со тоа што би нападнале повеќе цели каде има голем број на цивили.

Од полицијата информираат дека Дејвис е во самиот врв на ИСИС и претходно бил близок со Џихади Џон за кој се претпоставува дека е убиен во воздушен напад. Дејвис со својата група постои опасност дека планирал напади и терористички акции.

Во Анкара претходно беше разбиена џихадистичка група, но националноста на членовите не е откриена. Турција е еден од главните сојузници во борбата против ИСИС и досега претрпе повеќе страшни терористички напади, па алармот е на највисоко ниво.