Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо Грција исчезна турска дипломатска двојка поврзана со Ѓулен

Во Грција исчезна турска дипломатска двојка поврзана со Ѓулен

Во Грција исчезна двојка турски дипломати, кои се осомничени за членство во Фетхулахстичката терористичка организација (ФЕТО), јави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на неименуван дипломатски претставник.

– Турските власти од вторникот немаат контакт со двојката Мухамед Т. и Џејда Т, кои работат во Конзулатот на Турција во Солун во последните 18 месеци како заменици-конзули, изјави денеска неименуваниот дипломатски извор.

Тој додаде дека двојката, чии пасоши се поништени, ја напуштиле Грција и не е познато каде се напѓаат. ФЕТО и нејзиниот лидер Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД, се обвинети за обидот за државен удар во Турција во 2016 година, при пто загинаа 249 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.