Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВо Градскиот парк во Скопје под отворено небо ќе ечи музиката на „Пинк Флојд“

Во Градскиот парк во Скопје под отворено небо ќе ечи музиката на „Пинк Флојд“

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар на 22 јуни во Градскиот парк на град Скопје ќе го оддржат јубилејното десетто издание на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

Годинава, како и секоја предходна за посетителите следува подарок книга, вашата библиотека ќе може да ја збогатите со ремек делото на Вернер Херцог  – „За одењето по мраз“.

Исто така може да уживате во ликовните перформанси на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо како и музиката на едни од највлијателните музички групи на сите времиња „Пинк Флојд“, која ќе ја изведува Македонската филхармонија.

Настанот започнува во 21:00 часот, а повеќе информации може да најдете тука.