HomeДЕНЕШНАСветВо „герилска“ акција поставен огромен постер на Путин сред Менхетен

Во „герилска“ акција поставен огромен постер на Путин сред Менхетен

Во Њујор најверојатно како дел од „герилска“ акција бил поставен огромен постор од рускиот претседател Владиимир Путин на Менхетен во Њујорк со натписот „миротворец“.

Весникот Њујорк пост, повикувајќи се на очевидци објави дека постерот го поставиле две лица вчера околу 14 часот по локално време. Еден час потоа полицијата го отстранила.

Се претпоставува дека постерот, со големина шест на девет метри е поставен во „чест“ на роденденот на Путин, кој денеска полни 64 години.

Полицијата започна истрага за случајот, но досега никој не е приведен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com