Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВо Франција се изнајмуваат музеи и јавни места

Во Франција се изнајмуваат музеи и јавни места

Богатите странци се подготвени да платат цело богатство за накратко да изнајмат музеи и други културни објекти во Франција како и некои јавни места.

Еден познат светски бренд платил 100.000 евра за накратко да се запре градењето на престижниот париски плоштад ,,Вандом” како би организирал приватна забава со 2000 поканети.

На издавање е и е куќата на славниот романсиер Оноре Де Балзак која е претворена во музеј. Вистинска можност за сите странци кои можат да си дозволат таков луксуз и да поминат неколку часа сами во овој музеј

Има и необични барања.

Еден богат Кинез, љубител на француската кујна платил огромна сума за сам да прошета низ погоните од фабриките за преработка на месо во Париз,а негов сонародник платил цело богатсво за интимна прошетка низ француска фабрика за чевли