HomeДЕНЕШНАПолитикаВо ЕУ ќе се патува со електронска пријава како надградба на безвизниот режим

Во ЕУ ќе се патува со електронска пријава како надградба на безвизниот режим

eu

Од 1 јануари 2017-та за влез во земјите од Европската унија ќе треба да се аплицира и за електронска виза која брзо ќе се вади, а се воведува од безбедносни причини, откриваат дипломатски извори за Позитив. Електронските визи ќе важат за земјите со кои ЕУ има склучен договор за безвизен режим со цел зајакнување на сигурноста на границите на ЕУ и контрола од влез на жители од трети земји.

Сите кои ќе сакаат да патуваат во ЕУ земјите ќе треба за новите барања да аплицираат електронски, да платат по 5 евра за пријава со која ќе имаат право на патување од 5 години, пред повторно да се аплицира.

– Системот ќе овозможи да се определи дали присуството на едно лице на територијата на ЕУ е опасност од гледна точна на нелегална имиграција, безбедност или зачувување на јавно здравје, пишува во документот кој е изготвен од европскиот комесар за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос.

Според планот на Аврамопулос, регистрирањето би траело најмногу десетина минути, а во апликацијата ќе се наведуваат податоци од пасошот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com