Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо два претреса во Гостивар откриени 2,5 килограми марихуана

Во два претреса во Гостивар откриени 2,5 килограми марихуана

Гостиварската полиција во повторен претрес со судска наредба во домот на В.М. (44) откри и заплени уште еден килограм, откако минатиот петок кај него беа откриени 1,5 килограми, информираат од СВР Тетово.

– Вчера попладне, во домот на осоменичениот В.М извршен е уште еден, втор по ред, претрес. Притоа во помошна просторија во потпокривот на куќата, покрај огревни дрва, пронајдена е црна најлонска вреќа со околу еден килограм непозната тревлива материја, најверојатно марихуана. Материјалот е одземен за вештачење, изјави Марјан Јосифоски портпарол на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Јосифоски нагалси дека на 9-ти овој месец, исто така, со судска наредба беше извршен претрес во куќата на В.М, при што во подпокривот на куќата пронајдени се две најлонски ќесиња со 1519 грама марихуана.

Осомничениот, во саботата со соодветна пријава беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, определена му е мерка притвор од 30 дена.