Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо душекот пронашол кеса полна со пари, па ја пронашол сопственичката и ги вратил

Во душекот пронашол кеса полна со пари, па ја пронашол сопственичката и ги вратил

Рајко Бован на депонијата во Ободин во стар душек пронашол кеса полна со пари.

– Во кесата имаше 50 банкноти од по 100 евра, а имаше и неколку по 50, вели Рајко. Не броев, ниту во еден момент не ми падна на памет да ги задржам парите бидејќи “мирниот сон нема цена”.

Сопственичката на душекот, во меѓувереме, во Ободин го барала душекот во кој ги чувала парите. Рајко на вознемирената жена и ги предал парите, а таа го почестила со 100 евра.