Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо Бугарија откриена незаконска рафинерија за нафтени деривати!

Во Бугарија откриена незаконска рафинерија за нафтени деривати!

Во соседна Бугарија била откриена нелегална рафинерија за производство на нафтени деривати и дизел која, според проценките, месечно произведувала од 60 до 150 тони гориво. Рафинеријата била октриена во близина на село кај градот Ловеч, централен дел на нашиот источен сосед.

Надлежниот обвинител на округот, Валентин Влаков, посочил дека производството се реализирало преку поранешна задруга во сопственост на приватно леце, како и дека во текот на полициската акција биле откриени 100 тони гориво.
Влаков исто така посочил дека засега нема уапсени, но истрагата е започната и ќе терба да се утврди од каде доаѓала суровината за преработка и каде било дистрибуирано произведенето гориво.

Од полицијата на Бугарија не соопштуваат повеќе детали и посочуваат дека истрагата е во тек, нема информации дали ваквото гориво завршило во некој од македонските резервоари.