Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо Белград се протестираше против НАТО

Во Белград се протестираше против НАТО

Неколку стотини Срби вчера излегоа на протестен марш во Белград против спогодбата на Србија со НАТО за соработка во областа на логистичката поддршка. Демонстрантите марширале од зградата на претставништвото до руската амбасада. Тие носеле српски и руски знамиња, како и фотографии од Владимир Путин изразувајќи поддршка за блискоста со Русија.

Демонстрантите изјавиле дека ваквата одлука е донесена без согласност на народот. Тие побараа референдум и најавија дека во понеделник ќе поднесат барање до Уставниот суд, овој закон да се прогласи неуставен.

protest-belgrad