Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо бегство мажот кој ги избодел поранешната сопруга и нејзиниот татко

Во бегство мажот кој ги избодел поранешната сопруга и нејзиниот татко

Трагедија во прилепско, жителот на село Дебреште кој во четвртокот ги избоде поранешната сопрука и нејзиниот татко е во бегство. Жената или попозната како поранешна сопруга на прилепчанецот е задржана во болницата во Припел, а нејзиниот татко поради сериозните и тешки повреди на телото е пренесен на лекување во Скопје.

Немолосрдниот настан се случил вчера, четириесет и шест годишен маж кренал рака со нож на поранешната сопруга и нејзиниот татко одејќи во куќата каде живееле, настанала расправија каде прилепчанецот бил избркан, но за кратко тој ги избодел и ќерката и таткото. Жената добила убодна рана во пределот на грбот, а таткото добил неколку убоди во грбот.

Честириесет и шест годишниот прилепчанец и порано им се заканувал на 41 годишната жена и на 75 годишниот старец кој е воедно негов поранешен дедо, а татко на жената.

Јавниот обвинител извршил увид на лице место, а потоа веднаш до Полициските станици издаде наредба за потрага по осомниченото лице, како и наредби за прибирање на траги од местото на настанот и сето тоа со цел расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.