Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВо Австралија откриен нов вид на Alien риба

Во Австралија откриен нов вид на Alien риба

Ништо чудно во Австралија да ги пронајдете најневообичаените животински видови на планетата од кои добар дел се отровни и смртоносни. Најновото откриетие на истражувачите е црна риба со изглед на филмскиот Alien со кратко тело, голема глава, изразени песјаци и опашка со бодеж кој може да е отровен.

alien fish2

„ Мислевме дека рибите може да се развиваат само во близина на бреговите, но всушност овие видови лесно се множат во чудните локации на источниот вулкански брег на Австралија,“ изјави морскиот биолог Јан Сатерс од Универзитетот на Нов Јужен Велс кој го предводеше истражувачкиот тим.

Новите видови се пронајдени во голема вулканска област одалечена на околу 200 километри од Сиднеј која е долга 19 километри, широка 7 и допира длабочина од 700 метри на дното на океанот.