HomeРЕФЛЕКТОРВо акција против мафијаши во Наполи откриени две непроценливи платна на Ван Гог

Во акција против мафијаши во Наполи откриени две непроценливи платна на Ван Гог

Музејот „Ван Гог“ во Амстердам соопшти дека италијанската полиција пронашла две слики од познатиот холандски сликар украдени од тој музеј во 2002 година. Како што стои на сајтот на музејот сликите се наоѓале во многу добра состојба. Во прашање е платно настанато во 1882 година „Seascape at Scheveningen“ и уште еден подоцнежен труд „Congregation leaving the Reformed Church in Nuenen“.

Полицијата во Наполи овие слики од непроценлива вредност ги открила за време на акцијата против припадниците на мафијашкиот клан Камор. Јавното обвинителство во Наполи соопшти дека на денешната прес-конференција за новинарите ќе бидат откриени детали околу полициската акција.

1

2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com