Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВо 5 до 12 договорен специјален обвинител

Во 5 до 12 договорен специјален обвинител

Политичките партии во последен момент го испочитуваа договорот за одредување на специјален обвинител и целата законска рамка треба денес да помине и во Собранието. По тешките и исцрпувачки преговори и големиот притисок од меѓународните олеснувачи договорено е да се избере специјален обвинител кој ќе ги води случаите од Пуч и Прислушување, а притоа ќе има можност самиот да го одбере својот тим на експерти.

Тоа што најмногу го привлекува вниманието е кој ќе ја превземе оваа тешка и одговорна задача, па најверојатно обврските ќе паднат на товар на Катица Јанева која е актуелен јавен обвинител во Гевгелија, но за нејзината кариера или политичка припадност има малку информации.