Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВнимавајте при изборот на очила, можат да ви го оштетат видот!

Внимавајте при изборот на очила, можат да ви го оштетат видот!

http://taratur.com/wp-content/uploads/2014/05/Wear-Sunglasses.jpg

Неодамнешно истражување во Велика Британија покажа дека три четвртини од ефтините очила за сонце не пружаат доволна заштите од сончевите зраци, иако ги имаат поминато УВ тестовите и имаат маркица со која ви велат дека ќе ги штитат вашите очи.

Долготрајно носење на такви очила можат да му наштетат на вашиот вид и да ви предизвикаат главоболки!

Резултатите од овие истражувања се поклопуваат со оние кои се спроведени во Германија минатата година кои велат дека поголемиот број од очилата за сонце нудат никаква или само минимална УВ заштита, што е уште полошо за очите, отколку да не носите никакви наочари. Зошто?

Затоа што затемнетите стакла на очилата придонесуваат за ширење на зеницата, со што ги прават очите да бидат уште по осетливи на сончевите зраци. Вистонските очила за сонце, се изработени од квалитетни материјали и  нудат стопроцентна УВА и УВБ  заштита.

http://glorigb.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/1110B1.jpg

Таквите очила носат ознака CE, што значи дека се во склад со европските стандарди.

Што се подразбира под поимот поларизирани очила?Поларизираните очила се очила кои имаат посебен филтер кој ги блокира штетните ултравиолетови зраци. Таквите стакла придонесуваат за сигурно и квалитетно гледање.

Поларизираните очила даваат подобар контраст и перцепција на деталите, супериорна удобност при гледањето во однос на обичните очила за сонце и поради тоа се особено препорачливи за учесниците во сообраќајот.

На кој начин лошите очила можат да го оштетат видот?

Исто како што сонцето штетно влијае врз кожата, УВ зраците имаат штетно влијание врз видот.

Доколку очилата за сонце не поседуваат УВА и УВБ заштита, очите стануваат осетливи, а како резултат на тоа можат да бидат предизвикани здравствени проблеми како катаракта, израстоци на површината од окото, па дури и канцер на кожата во полето на веѓите!