Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВнимавајте: Појава на одрон на патниот правец Катланово – Велес

Внимавајте: Појава на одрон на патниот правец Катланово – Велес

Диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македoнија пат“ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес се одвива по една коловозна лента поради појава на одрон.

Иако на местото има поставена соодветна сигнализација препорачливо е да возите внимателно и да ја прилагодите брзината на возилото според условите на патот. Се работи на расчистување на теренот при што ќе се олеснат условите за возење.